МИЈАТА: ,,Можеш да шириш крилја, не чекај, полетај”
Пријатели, соработници, новинари… сите тие дојдоа вчеравечер да присуствуваат на промоцијата на новата песна и спот на пејачката и кантавторка Мијата.
,,Полетај е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија кои ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките.




