Занимливости
„ДРАЈВ-ИН“ кината се враќаат на голема врата: Вози во нова филмска авантура со А1 Македонија!
Културолошкиот феномен од 50-тите, се враќа на голема врата. Чувството да се гледа филм на големото платно од удобноста на својот автомобил е сосема различно и многу повозбудливо.
А, токму во време на пандемија, кога социјалното дистанцирање стана неминовна практика, а истовремено се соочуваме со предизвикот како да ги споиме безбедноста и уживањето, се чини дека Drive-in кината навистина доживеаја „камбек“ во многу земји во светот.
Популарноста на Drive-in кината низ историјата е неспорна. Првото Drive-in кино е отворено во 1933 година во Њу Џерси, но дури во 50-тите години станува доста популарно. Тогаш почнуваат масовно да отвораат вакви кина пред сѐ во Америка, но и ширум светот, и почнуваат да стекнуваат и уживаат голема популарност сè до појавата на видео касетите во 70-тите години на минатиот век. Нивната популарност е прикажана во многу филмови, но повеќето ја имаат запаметено преку култниот филм „Брилијантин“ (Grease, 1958), каде Дени и Сенди го имаат својот состанок. Но, со текот на времето, атрактивноста на Drive-in кината опаѓа, па така од илјадници остануваат само неколку стотици во светот кои сè уште функционираат и се посетуваат.




