Студентите на ФИНКИ работеа на „Serverless Computing on Azure“ со Мајкрософт Македонија
Мотивацијата на студентите е секогаш приоритет за Мајкрософт во Македонија. Иновативноста и развојот на технолошките способности на младите се придобивка од постојаните работилници и обуки кои се организираат во државата. Годинава, како и изминатата, се надградува соработката помеѓу партнерите ФИНКИ, ФИНКИ Tech Клубот и Мајкрософт Македонија во делот на едукацијата.
Работилницата на тема „Serverless Computing on Azure“ која викендов се оддржа во амфитеатарот на ФИНКИ ги запозна студентите од сите четири години за тоа како функционира новиот напредок на Мајкрософт кој овозможува работење од еден компјутер на повеќе сервери и притоа го намалува времето за работа.
На агендата беа предавањата на Дарко Милески и Миле Грујовски кои подолго време работат како програмери.





