Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започна Светската недела на вселената

Sci-fi

Започна Светската недела на вселената

Започна Светската недела на вселената

Секоја година од 4 до 10 октомври се одбележува Светската недела на вселената.

Овие датуми одбележуваат два настани:

4 октомври 1957 година: Лансирање на првиот човечки направен сателит, Спутник 1, со што се отвори патот за истражување на вселената

10 октомври 1967 година: Потпишување на Договорот за принципи за управување со активностите на државите во истражувањето и мирното користење на вселената, вклучително и Месечината и другите небесни тела.

– „Од прогласувањето на Светската недела на вселената во 1999тата година, секој октомври луѓето од целиот свет ги прославуваат достигнувањата во истражување на вселената, и нивното позитивно влијание врз сите нас. Со темата за 2021 “Жените во вселената” (Women in Space), оваа година ставаме акцент на неверојатното влијание на жените во вселенскиот сектор.“ велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, Марина Таневска и Дора Локвенец, кои веќе 7 години по ред успешно ја реализираат оваа светска иницијатива.

Во 2020 Светската недела на вселената достигна изненадувачки нивоа со оглед на ограничувањата поради пандемијата COVID. Минатата година на светско ниво се одржаа над 6500 настани во 60 земји, меѓу кои и Македонија, а клучна беше виртуелната прослава, со огромен број креативни веб настани.

Годинава повторно продолжуваме со виртуелни настани кои вклучуваат едукација и забава за сите возрасти. Следете ја страницата на World Space Week Macedonia на Фејсбук каде ќе можете да ги проследите настаните и предложените активности се до 15ти октомври.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.