Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

2.000 изненадувања за првите 2.000 кај Шабан, Ана и Саша

МК Сцена

2.000 изненадувања за првите 2.000 кај Шабан, Ана и Саша

Организаторот на концертот на Шабан Шаулиќ, Ана Бекута и Саша Матиќ, кој што ќе се случи на 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, Балкан Медија, најавува 2.000 изненадувања за првите 2.000 посетители во Борис.

Имено на денот на концертот, поради бројот на продадените влзници и огромната гужва која што се очекува пред сала, организаторот најавува отворени врати уште во 19.00 часот и 2.000 двд –ја подарок, за првите 2.000 посетители кои што ќе влезат во сала.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, кога на сцената во Борис Трајковски прв ќе настапи Ален Хасановиќ, во моментов една од најпопуларните ѕвезди на Гранд. По него на иста сцена ќе се појават и кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, Ана Бекута и Саша Матиќ. Оваа вистинска регионална журка, се очекува да трае повеќе од 4 часа во кои публиката во еден глас ќе ги пее најголемите хитови на овие вистински балкански ѕвезди.
Влезници сеуште има во продажба, но во одреден број. Цената на истите е 400 денари.

Можете да ги најдете на стандардните продажни мести Пола Југотон, Камарад – рамстор, Цвеќара Розе – Веро 2, локалните кафулиња и плоштади низ државата како и продажната мрежа на купикарти за се. За фановите на оваа неверојатна музичка дружина од останатите градови во Македонија, ќе биде обезбеден организиран превоз.

Повеќе информации како и резервации на маси или пакет влезници на телефонскиот број: 072680776.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.