Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Випот на Дино Мерлин распродаден на 20 дена пред концерт

МК Сцена

Випот на Дино Мерлин распродаден на 20 дена пред концерт

Ексклузивните места од каде што може да се проследи концертот на Дино Мерлин кој што на 28 март ќе се случи во спортскиот центар Борис Трајковски, забележани како ВИП простор, се распродадени и тоа на 20 дена пред концертот.

Тимот на Дино Мерлин од Скопје, презадоволен од тоа како се одвива продажбата, вели дека не успеале воопшто и да ги пуштат ВИП влезниците во регуларна продажба, затоа што веднаш по информацијата дека Дино концертно ќе го посети Скопје, ВИП влезниците се распордале експресно по пат на резервации.

Она што потенцираат е дека и од останатите обични влезници, односно партер – стоење 900 денари и трибина седење 1200 денари, во продажба има уште одреден број. Во стандардните места на продажба, секојдневно има редици фанови кои што навреме доаѓаат по својот билет.

На прес конференцијата која што се случи во Скопје минатиот месец, Дино Мерлин рече дека е пресреќен затоа што македонската публика не се презаситила од него и неговиоте песни, па „Хотел Национал“ со задоволство го носи и во Борис Трајковски. За тоа колку е екслузивен овој скопски концерт, говори и фактот што е последен во оваа балканска турнеја и како што вели Дино, генерална проба пред да го наполни и неговото Кошево.

Доколку сакате и Вие да сте помеѓу илјадниците фанови кои што во еден глас во Борис ќе ги пеат:„Шкољка“, „Хотел Нациоанл“, „Десет млаџа“, …и сите останти регионални хитови на најпопуларниот кантавтор во регионот, тогаш побрзајте по вашата влезница во: Југотон ГТЦ, Камарад – Рамстор, Камарад – Розе Веро 2, во сите салони на мобилниот оператор ONE низ цела Македонија и продажната мрежа на мктикетс.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот.

11 нови песни, 1 човек, 80 градови…меѓу нив и Скопје!!!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.