Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5-ти “Spring Wine Festival” од 11-15 мај 2016 во Скопје

МК Сцена

5-ти “Spring Wine Festival” од 11-15 мај 2016 во Скопје

Од 11-ти до 15-ти мај веќе традиционално по петти пат на паркингот на Веро Центар го најавуваме ексклузивниот пролетен вински фестивал – “Spring Wine Festival”.

Како изминатите изданија на фестивалот, така и оваа година ќе можете да уживате во дегустација на најубавите сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, пропратени со богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на разновидната публика.

Од среда до недела паркингот пред Веро Центарот ќе се претвори во место каде мирисот на пролетта, љубовта и виното ќе ги возбудат сетилата и ќе ги задоволат вкусовите на традиционално многубројните посетители.

Ве покануваме од 11-ти до 15-ти мај пред Веро Центарот, да бидете дел од петтото издание на најпосетениот пролетен вински фестивал – “Spring Wine Festival”.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.