МК Сцена
Авалон продукција: Концертот на Ѓорѓе Балашевиќ е презакажан за 14-ти ноември
Поради техничко логистички причини, датумот за концертот на Ѓорѓе Балашевиќ е префрлен за 14-ти ноември, на иста локација- арената „Борис Трајковски“- Скопје.
Сите фанови кои набавиле влезници за 30-ти октомври, истите важат и за новиот датум!
Авалон продукција со огромно задоволство го најавува концертот на легендарниот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“, на кој пред македонските обожаватели ќе го претстави својот најнов музички проект.




