МК Сцена
БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ: Допрете ја вселената на 26-ти септември заедно со Сара Мејс
Под покровителство на Град Скопје во вторник, 26ти септември 2017, во 20.00 часот на плоштад „Мајка Тереза“ ќе се одржи голем концерт на Сара Мејс. Истиот е бесплатен и од отворен карактер и гарантира одлична атмосфера под отворено небо за сите.
– „Нашите артистички изразувања се изјава на карактерот и енергијата која ја криеме во себе. Ова важи за сите, за секој кој со љубов го испреплетува секое негово делување и чекор. Со желба искрено да го истакнам тоа што мене ме опишува и ме карактеризира заедно со тимот кој работеше на проектот Floating through space се подготвуваме за нешто незаборавно. Сакаме да направиме нешто ново, свежо и специфично и да приредиме забавен концерт од кој никој нема да остане рамнодушен“, рече Сара Мејс.
Македонската пејачка на 1ви септември го направи првиот чекор со песната „Небо“ и понуди нешто што полека ќе го дефинира нејзиниот пат за покорување на вселената.




