Музика
Бидете дел од големиот концерт на Роби Вилијамс во Белград!
Светската поп мегаѕвезда Роби Вилијамс (Robbie Williams) ќе настапи во среда на 17. јуни на Ушќе во Белград, во рамки на големата „Let Me Entertain You“ турнеја.
Официјалниот капацитет на овој концерт е 30.000 посетители, од кој веќе половина е распродаден и тоа на повеќе од еден месец пред овој музички спектакл!
„Пеколот исчезна, пристигна рајот и ја одам на турнеја“, се зборовите со кои Роби ја најави светската турнеја и ја отвори со распродадени концерти во Мадрид, Барцелона и Париз. Единствениот и харизматичен Роберт Питер „Роби“ Вилијамс е една од најпопуларните глобални поп ѕвезди во последните 20 години и еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња со 11 албуми продадени во над 77 милиони примероци.




