МК Сцена
Богата програма за претстојното 20. издание на Скопје филм фестивал
Скопје филм фестивал за дваесетгодишниот јубилеј се потруди да донесе исклучително богата програма и содржини во чии рамки ќе понуди повеќе од 75 филмови, работилници, гостувања на реномирани филмски имиња, првата македонска филмска ретроспектива на Стенли Кјубрик, а прв пат ќе се одржи и програмата „Креираме заедно“.
На наше големо задоволство годинешниот фестивал се отвора на 20 април, во киното „Милениум“, со Реквием за госпоѓа Ј. филмот на режисерот Бојан Вулетиќ, кој годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67. Берлински филмски фестивал. Се работи српско – македонско – руско – бугарско – француска копродукција која ја раскажува прказната за службеничката Јелена, која решава да изрши самоубиство, но сфаќа дека ништо не е едноставно во земјата што постојано оди напред-назад меѓу мака и транзиција. На свеченото отвоврање на Скопје филм фестивал пред публиката ќе се поклонат легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, како и дел од филмската екипа.
Филмовите се распоредени во осум програми: Гала, Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, во која публиката ќе ја види најновата македонска филмска комедија во режија на Коле Ангеловски, „Ах љубов моја“, како и неколку краткометражни филмови од најновата македонска продукција.




