МК Сцена
Да им помогнеме на „Беатрикс кру“ да одат на светското првенство во модерни танци!
На девојките и момците од „Беатрикс кру“ им е потребна нашата помош за да бидат дел од „ЕСДУ Светското првенство во модерни танци“ кое се одржува од 22-28 мај во Пореч, Хрватска.
Тимот на „Беатрик кру“ деновиве ја започнa својата триесетдневна мисија од која тие би биле пресреќни кога би се вклучиле и вие.
Со цел да го остварат својот сон и да бидат дел од Светското првенство во модерни танци 2017, тие го лансираа нивниот „Џенеросити“ проект.




