МК Сцена
Дали нашата поп пејачка Елена Миленковска е новата финалистка во „Звездите на Гранд“? (ВИДЕО)
„Најдобра пејачка од Македонија, за оваа сезона, ако гледаме како целосен пакет“ , „Не да знае да пее, таа „убива“ од пеење“ , „Ако продолжиш вака, те гледам во финале“ … Ова беа само дел од коментарите на жирито во вчерашното издание од шоуто за музички таленти „Ѕвездите на Гранд“, упатени кон нашата поп пејачка Елена Миленковска, која сезонава реши, преку ова натпреварување да ги освои гледачите од целиот Балкан.
Елена е за прв пат на ова шоу, но судејќи според коментарите и билетот за пласман во втор круг, годинава ќе ја гледаме уште долго на оваа голема сцена.
Сите членови на жирито, составен од професионалци во музиката, беа единствени во заклучокот дека таа е досега најдоброто нешто од Македонија, а самиот Саша Поповиќ го потврди тоа, коментирајќи дека во неа гледа целосен пакет.




