МК Сцена
Десет години без Тоше, наскоро нов албум со негови песни
Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред десет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Како и во изминатите девет години, 12 маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше завчера го почнаа маратонот од Нова Градишка и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.
Потоа во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе има културно-уметничка програма – петнаесетина студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе сликаат, инспирирани од животот и делото на Тоше, учениците од ОУ „Никола Карев“ од Крушево ќе изведат поетски рецитал, а ќе настапи и хорот на крушевската гимназија „Наум Наумоски-Борче“.




