МК Сцена
ДЕТСКИ ЕВРОСОНГ: И покрај одличниот настап на Мартија, Македонија на 12-то место (ВИДЕО)
На овогодишното издание на детската Евровизија, нашата земја го освои 12-тото место. Нашата претставничка Мартија Станојковиќ од Куманово со песната “Love will lead our way” не успеа да ја освои европската публика и жири, пренесува ТВ Пакет.
Од возрасното жири, успеавме да освоиме само 17 поени, додека победничката песна на Грузија освои 156 поени. Од детското жири освоивме нешто повеќе, вкупно 24 поени.
Инаку, ова е трета победа за Грузија во досегашните 14 години постоење на овој европски фестивал на детска песна. Таа победи во 2008 година, 2011 година и сега во 2016 година.



