МК Сцена
„Госпоѓа министерка“ со 150-та изведба во МНТ
Претставата „Госпоѓа министерка“ вечер по 150-ти пат ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Наташа Поплавска, а главната улога ја толкува Весна Петрушевска.
Директорот на Македонскиот народен театар, Дејан Пројковски на прес-конференција рече дека станува збор за петта премиерна изведба на претставата „Госпоѓа министерка“ во МНТ.
– Првата изведба на „Госпоѓа министерка“ е во 1953 година, потоа во 1965 година, 1977 година и 1983 година. Премиерата во 1965, 1977 и 1983 година е обновувана и режисер на тие постановки бил Димитар Ќостаров, сценограф Бранко Костовски, а Мери Бошкова во сите тие претстави ја игра Живка. На 28 март 2009 година се случува премиерата на „Госпоѓа министерка“ со која МНТ расте и созрева заедно со својата публика, рече Пројковски.




