МК Сцена
Домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд Скопје 13 (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, модната куќа „Линеа“, „Elezi Paris“, Тијана Младеновиќ и Ирина Тошева ги прикажаа најновите колекции на вториот ден на тринаесеттиот Моден викенд Скопје , вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.
„Шари и текстури“ е насловот на годинашната тема со која се претставија студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија. Идејата дојде преку актуелните тенденции кои се значајни во однос на дизајнот на текстил и кои во сите временски сезони се актуелни и модерни. Уникатноста на моделите на студентите освен во кројната база и моделирање, автентичноста ја акцентираат и со апликација на дизајниран материјал кој како основа е создаден со различни техники на везење, сликање, дигитален печат и многу други техники.
Македонскиот моден бренд „Линеа“ се претстави со колекција за сезоната пролет/лето 2016 која содржи пет различни теми: City lights, Bubble Trouble, Golden Fever, Summer Mood и Denim Flowers.







