МК Сцена
Виртуелна прошетка и театролошка изложба за 71. роденден на МНТ
Македонски народен театар – Скопје и Музејот на МНТ од 03.04. – 03.05. 2016 година, по повод одбележувањето на 71 година од изведбата на првата претстава, ќе се претстави пред публиката со два презентациски концепта.
Воведниот концепт е насловен Виртуелна прошетка низ постоечката Уметничка збирка на Музејот. Тој претставува прв применет виртуелен (дигитален) 360о модел на експонирање од една музејска поставка во Македонија, со што е овозможено интерактивна посета на публиката од секоја точка на светот.
Прошетката ќе биде достапна за публиката на следниот линк: http://mnt.mk/360/MNTtour.html Овој модел на експонирање ќе биде воспоставен како стандард за сите следни изложби во продукција на Музејот на МНТ, вклучувајки ја и актуелната Исчекор кон сонцето.





