Музика
ЕДНА ЉУБОВ ВО МАНЧЕСТЕР: Аријана одржа емотивен концерт со помош на своите колеги (ФОТО)
Хуманитарниот концерт на Аријана Гранде насловен „Една љубов Манчестер“ се одржа синоќа во спомен на жртвите од терористичкиот напад на 22 мај и нивните семејства.
– „Ве сакам навистина многу и мислам дека овој тип на сплотеност кој го покажуваме е лекот кој му е во моментот потребен на светот“ – порача Аријана.
Целото случување се емитуваше во живо на јутјуб, фејсбук и твитер, а се пренесуваше и во живо на повеќе телевизиски и радио станици.





