Музика
ЕГЗИТ ПОСИЛЕН ОД БИЛО КОГА: Потврдија и Џејсон Деруло и Рошин Марфи!
Откако доаѓањето на Петроварадинската тврдина за овој јули го потврдија „Д Килерс“ (The Killers), Лијам Галагер (Liam Gallagher), „Јиарс енд јиарс“ (Years & Years), Раг’ен’Боун Мен (Rag’n’Bone Man), Џејк Баг (Jake Bugg), Хардвел (Hardwell) и бројни други, овогодишната ѕвездена програма на ЕГЗИТ фестивал стана уште посилна со двајца нови хедлајнери!
Суперпопуларниот американски пејач и автор на ударните хитови на денешницата Џејсон Деруло (Jason Derulo) доаѓа на ЕГЗИТ за да ја создаде вистинската саботна лудница на 8-ми јули на главната фестивалска бина на Балкан! Со дури 11 платинести синглови продадени во над 50 милиони примероци и три милијарди „Јутјуб“ прегледувања за повеќе од 20 милиони фанови на социјалните мрежи, Деруло е денес во најтесниот круг на водечките светски музички ѕвезди и тоа на возраст од само 27 години!
Само албумот „Tattoos/Talk Dirty“ имаше пет платинести синглови, што во поново време им успева само на ѕвезди како што се Бијонси, Дрејк, Тејлор Свифт и Ријана!




