Музика
Астронаут од Меѓународната вселенска станица настапи на концерт на Крафтверк (ВИДЕО)
Германскиот астронаут Александер Герст синоќа „упадна“ на концертот на Крафтверк со настап, кој го имаше на Меѓународната вселенска станица (МСС).
Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска на интернет постави видео снимка на која се гледа како астронаутот Герст настапува заедно со Крафтверк.
Герст синоќа користејќи таблет со виртуелен синтисајзер, заедно со Крафтверк, ја изведоа песната од 1978 година „Вселенска лабораторија (Spacelab).




