МК Сцена
ЕКСКЛУЗИВНО: Голем концерт на Enrique Iglesias на 20 јуни во СЦ „Борис Трајковски“
Авалон продукција продолжува со објавата на големи и значајни музички настани оваа сезона во Македонија. Во рамки на историскиото концертно лето во Македонија, ќе се случи еден концерт којшто навистина со право ги носи префиксите Историски и Суперексклузивен.
Концертот на Enrique Iglesias во Скопје кој ќе се одржи на 20 јуни во СЦ „Борис Трајковски“ е историски, затоа што за прв пат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Enrique во последниве десетина години настапувал низ светот.
И покрај малиот капацитет на салата, цените на влезниците за овој концерт ќе бидат прилагодени според македонскиот пазар и сите детали околу нив ќе бидат објавени утревечер во 19 часот.


![12963593_278162032519913_119296794026400627_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/04/12963593_278162032519913_119296794026400627_n1.jpg)


