МК Сцена
ЕКСКЛУЗИВНО: Погледнете го спотот на евровизиската песна „Лисја есенски“
МТВ во студиото М1 при Македонската радио телевизија денеска ја промовираше англиската верзија на официјалната евровизиска песна „Autumn Leaves“, со којашто Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тото јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија во Виена, Австрија.
Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.
„Ви благодарам, Вам на претставниците на електронските, печатените медиуми и македонските портали коишто несебично, уште на самиов почеток ме поддржувате мене, МРТ, но и целиот проект Евровизија 2015“ – им се обрати Даниел на бројните претставници од медиумите.




