МК Сцена
Промоција на евровизиската песна во 17 часот во дневникот на МТВ
Македонската радиотелевизија денеска во Дневникот 1 во 17 часот ќе ја промовира англиската верзија на евровизиската песна „Autumn Leaves“, со која Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тиот Избор на песна на Евровизија во Виена.
Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.