Музика
Евросонг 2017: Црна Гора, Албанија и Словенија без финале (ФОТО)
На синоќешната прва полуфиналне вечер од Песна на Евровизија 2017 во Киев, Украина, настапија претставници на 19 земји, а финале изборија најдобрите 10.
Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија се првите финалисти кои обезбедија влез во финалето во сабота на 13 мај.
Без финале останаа Грузија, Албанија, Црна Гора, Финска, Исланд, Чешка, Словенија, и Летонија. Право на глас имаа публиката и членовите на жири комисијата од земјите учеснички, како и директните финалисти од Италија, Велика Британија и Шпанија.





