МК Сцена
Кристијан Рот и Ерик Домеж ја споделија инспирацијата за нивните безвременски креации
За да се постават темелите на авангардните креации на очила и да се издигнат очилата како врвен моден додаток е потребна неизмерна пожртвуваност и инспирација.
Christian Roth е светски познатиот дизајнер кој заедно со неговиот партнер Eric Domege во Dioptra Couture на плоштад Македонија, ги споделија корените на нивната инспирација и храброст која отвори нов свет на модата.
Тие ја презентираа и својата нова линија на очила креирана заедно со Dita Eyewear и достапна во Македонија преку Dioptra Couture.







