Музика
EXIT Dance Arena моќна како никогаш досега!
Откако своето враќање на една од најголемите светски електронски сцени прв го потврди големиот Carl Cox, и останатите најпосакувани хедлајнери на денешницата во низа го запишаа својот настап на Exit во своите календари!
Судејќи по продукцијата од претходните години, спектакуларната Dance Arena оваа година уште еднаш ќе ја помести веќе високо поставената граница на ново ниво, а иако во следните недели стигнуваат уште ѕвезди од највисок ранг, EXIT денеска, порано од било кога, објави дури 22 изведувачи за историскиот состав на Арената во која се бришат жанровските поделби и во која се загарантирани врвните настапи од првиот до последниот час! Доволно е да се каже дека на Арената стигнува еден од најголемите продуценти на денешницата и берлинскиот уметник од стадионски размери Paul Kalbrenner, чиј настап пред пола милион луѓе по повод одбележувањето на падот на Берлинскиот ѕид влезе во музичката историја. Со него пристигнуваат и јунакињите на новото време и вистински феномени на електронската сцена Amelie Lens и Charlotte de Witte, кои во претходните две години поминаа неверојатен пат од белгиски таленти во пораст до светски суперѕвезди кои рамо до рамо стојат со најголемите имиња на електронската сцена и настапуваат пред десетици илјади луѓе на најголемите фестивалски бини ширум планетата!
Својот футуристички звук во амбиентот на колосалната Петроварадинска тврдина ќе го донесе и детроитскиот техно виртуоз Jeff Mills, кој поради своите придонеси кон светската музика е прогласен за Витез на уметноста во Франција, а чиј настап оваа година веќе го резервираа речиси сите водечки електронски фестивали! Уште едно возбудливо деби на Арената ќе има корејската хероина Peggy Gou, чиј избор на музика и чувство за публика многумина го сметаат за вонсериски талент, додека нејзината фамозна нумера „Itgehane“ ја одбележа минатата година.




