
МК Сцена
Концерт на Тom Odell во Скопје oваа среда во МКЦ!
Музичката сензација на новата генерација, вонсериски талентираниот и наградуван британски кантавтор Tom Odell кој во моментов е на светска турнеја на која го промовира својот трет студиски албум „Jubilee road“, ќе го видиме за прв пат во живо и во Скопје, оваа среда во МКЦ.
Tom Odell вниманието на јавноста го сврте уште со неговиот прв албум „Long Way Down“ во 2013 година. Lilly Allen го спореди со David Bowie, додека Taylor Swift изјави дека е негов голем фан. Следната, 2014 година година Tom Odell добива и награди за авторско достигнување, меѓу кои и BRIT, Critic Choice, но сепак најголемата награда за неговата работа стигнува од публиката- повеќе од успешни настапи на некои од најголемите светски фестивали: Glastonbury, Coachella, T In The Park, Sziget, Exit, како и распродадени шоуа ширум светот, што се потврда дека и со сите негови песни успева да допре до публиката и дека е на вистинскиот пат да стане голема музичка ѕвезда!
Промоцијата на третиот албум „Jubilee road“ кој излезе во октомври минатата година, ја почна со објавување на синглот „If you wanna love somebody“, а потоа следеше и со видеозапис за истиот, а на одлична реакција наиде и песната „Half as good as you“, која ја сними со својата долгогодишна пријателка и соработничка, популарната Alice Merton.



