МК Сцена
ЕДЕН ДЕН ПРЕД НАСТАПОТ: Рудиментал ја откажа журката во Охрид
Организаторот на „Orange festival“ кој се случува денеска и утре во Охрид, во последен момент од менаџментот на Рудиментал добил соопштение во кое поради неодложни оправдани приватни причини го откажува својот настап закажан за 2 август во Охрид.
Со оглед на тоа дека илјадници фанови веќе обезбедија влезница за да бидат дел од оваа журка, организаторите во овие 24 часа се обидоа да најдат соодветна замена.
За таа цел, наместо нив, на 2 август со ист тајминг на плажа Немо свој настап ќе има дуото Milk and Sugar. Освен сетот на овие двајца извонредни диџеи со неброени настапи на Ибица, посетителите ќе добијат и бесплатен пијалак по сопствен избор.





