МК Сцена
ФИНАЛЕ НА „ЅВЕЗДИЧКИ“: Вечерва навиваме и гласаме за Антониа и Мартија
Во петок на 1 јули со почеток во 21 часот, македонските девојчиња Антониа и Мартија ќе ги бранат уште еднаш боите на Македонија во финалето на шоуто “Ѕвездичките на Пинк”.
Воедно, двете ќе се борат и за влез во завршницата, односно суперфиналето кое ќе се одржи во недела на 3 јули. И финалето и суперфиналето ќе се емитуваат на најгледаните телевизии во регионот, меѓу кои и Сител телевизија.
Во последната емисија, двете девојчиња блеснаа како светските ѕвезди Имани и Џеси Џеј со што уште еднаш ја воодушевија балканската публика и го разнежнија стручното жири. Дел од натпреварот не е повеќе третата македонска учесничка Елена, која минатата седмица не освои доволно гласови и замина од Пинковите ѕвездички.




