Интервју
ИНТЕРВЈУ СО FLY PROJECT: „Македонија, се гледаме на Пивофест во Прилеп!“ (ВИДЕО)
Сѐ е подготвено за Пивофест!
Остануваат помалку од две недели до стартот на 14. издание на Фестивалот на пивото во Прилеп кое оваа година се очекува да ги сруши минатогодишните рекорди на испиено пиво и изедена скара, но и на посетеност.
Организаторите и годинава најавуваат одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград „Самостални референти”, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак, но и светски познатите FLY PROJECT кои за првпат доаѓаат во Македонија.





