МК Сцена
ФОТО: Најубавите празнични изненадувања во Капитол Мол
Во духот на новогодишните празнувања и со желба да се биде најблиску до своите потрошувачи и нивните потреби, Капитол Мол ги остварува своите ветувања во најдобрата смисла на зборот.
Празниците се совршено време да се слави дарежливоста и добрината и да се креираат спомени кои ќе траат засекогаш и во таа смисла Капитол Мол и овие празници се погрижи да ги отслика своите заложби и да ги сподели доживувањата со своите потрошувачи, овозможувајќи им настани, работилници, игри, подароци, награди, претстави, музика и многу забава и мигови на среќа.
Празнувањето во Капитол Мол почна уште на 11 декември, како наговестување на прославата за вториот роденден со модно шоу каде беа застапени модните брендови од Капитол мол. Официјалниот датум на вториот роденден 12 декември, беше обележан со концерт на поп дивата Тамара Тодевска и целодневна програма за сите посетители во текот на роденденскиот викенд.





