МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Изложба на дела на големиот сликар Пабло Пикасо во МКЦ
Изминатиот петок во галеријата на Младинскиот културен центар пред огромен број посетители беше отворена изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо.
На отворањето присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на МКЦ, Златко Стефковски.
Македонската публика на оваа изложба ќе има можност да види збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо – факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела.








