МК Сцена
ВИДЕО: По 10-ти пат доделени наградите „Најпопуларни 2015“
По десетти пат Телевизија Орбис и продукцијата Видео мозаик ги доделија признанијата Best brand Interantional и најпопуларни 2015.
Во една гламурозна атмосфера во ресторанот Гранд Премиер беа доделени 20 признанија на поединци, институции и компании кои оставиле неизбришлива трага во целокупното живеење не само во Битола и Пелагонија туку во цела Македонија.
На десеттото јубилејно издание, овој пат проширено , Best brand International и најпопуларни за 2015 година, ТВ Орбис и продукцијата Видео Мозаик ги доделија признанијата на поединци и компании кои оставија неизбришлива трага во 2015 година. Манифестација која стана препознатлива и индикатор на општерствено политичките случувања во земјава Во свечена и гламурозна атмосфера во ресторанот Гранд Премиер Битола во присуство на бројни гости беа доделени 20 признанија на оние кои ја оствариле значителни успеси во претходната година, а кои успеаја да ги препознаат гледачите на ТВ Орбис, посетители на веб страницата Best brand international како и релевантни фактори . Годинава манифестацијата имаше поианков концепт . Best brand International што подразбира континуитет во следењето на работатат на поединци и компании во различни категории.



