МК Сцена
ПИНКОВИ ЅВЕЗДИЧКИ: Антонија Гиговска растури со макфестовскиот хит „Врати ми го срцето“ (ВИДЕО)
Во новата епизода на „Пинкови Ѕвездички“ нашата Антонија Гиговска со сиот свој музички талент ги воодушеви сите присутни во студиото.
14 годишната скопјанка го испеа хитот „Врати ми го сонцето“ на Александра Јанева, инаку победник на Макфест 2013.
Антонија Гиговска е втората Македонка која влезе во шестиот круг на музичкото талент шоу за деца „Пинкови ѕвездички“. Таа ѝ се приклучи на Елена Бимбиловска, исто така со 5 столици горе од судиите на натпреварот.



