МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Промоција на новиот албум на групата „Eye Cue“
Вчера групата EYE CUE го промовираше својот втор албум „Само Сакав“ во издание на Горила Продукција. Промоцијата се одржа во пивница „Стар Град“ под Kале.
На промоцијата присуствуваа голем број пријатели, новинари и колеги меѓу кои: Никола Перевски – Пере, Сара Мејс, Теа, Леа и голем број музичари.
На албумот се најдоа 11 композиции меѓу кои и големите хитови (Боби баш ми е гајле, Колку Пати, Иста Патека, Не заборавај) кои ги одбележаа EYE CUE изминатиот период. EYE CUE во живо отсвирија неколку нови композиции и веќе прочуените хитови.







