Музика
ФОТОГАЛЕРИЈА: Спектакуларен финиш на Егзит со Capital Cities и Faithless
Над 50.000 е бројката на луѓе која вчеравечер официјално го затвори Егзит фестивалот во Нови Сад, кој оваа година го собори сопствениот рекорд на посетеност.
Први на главната бина се појавија позитивните и енергични Capital Cities кои својот настап го претворија во неверојатна журка на која се забавуваа присустните. На средината на нивниот настап на сцената се качија и организаторите на фестивалот и во еден момент главниот организатор Душан Ковачевиќ ја запроси својата девојка, со што се потврди и мотото на фестивалот „Споделување љубов на Егзит фестивал“, а сведоци на запросувањето беа и самите Capital Cities кои веднаш по романтичниот дел ја доведоа атмосферата до максимум со безвременскиот хит Safe and sound.
