МК Сцена
Каролина Гочева на Егзит: „Македонскиот мелос е секаде сакан и почитуван!“
Вчеравечер на фјужн бината на Егзит фестивалот во Нови Сад настапи Каролина Гочева, единствена од македонските пејачи кои оваа година настапуваат на овој најголем европски фестивал.
И како за изненадување, пред сцената се бараше место повеќе, затоа што освен Македонците кои оваа година на Егзит ги има во најголем број досега, Каролина дојдоа да ја видат и посетители од Србија, Унгарија, Англија, но и од останите земји каде допрел македонскиот мелос.
– „Секако дека проектот „Македонско девојче“, првиот и вториот албум, со самото тоа што се инспирирани од богатиот македонски фолклор е доволно за презентација на Македонија и македонската музика. И ова не е првпат. Порано кога го изведував поп репертоарот, знаев да отпеам и некоја од старите македонски песни кои се најпознати и секогаш реакциите беа одлични. Така што не сум изненадена од реакцијата на публиката беше одлична, бидејќи македонскиот мелос насекаде е препознатлив , сакан и почитуван.“ – изјави Каролина за Популарно.мк.




