Музика
„Грин бич фестивал“ ова лето на нова локација!
Најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, GREEN BEACH FESTIVAL (Грин Бич Фестивал) ова лето ќе се одржува на нова локација на крајбрежјето на Охридското Езеро и тоа за прв пат во прекрасната Струга – славниот град на поезијата и на волшебниот Црн Дрим!
Со поддршка од локалната самоуправа во Струга, градот и Фестивалот ја добиваат новата GREEN BEACH брендирана плажа која се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Еуротел“ и која ги гарантира сите високи организациски стандарди неопходни за реализација на музички настан од калибарот на GREEN BEACH FESTIVAL.
Деветта година по ред, GREEN BEACH FESTIVAL продолжува да се одржува со импозантни хедлајнери од глобалната електронска сцена, кои гостуваат кај нас во врвот од својата кариера и со кои овој настан прерасна во синоним за најквалитетно електронско доживување.




