МК Сцена
И Даниел Кајмакоски ќе ги исклучи светилките за Часот на планетата Земја!
Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, во која учество ќе земат над 162 земји ширум светот.
Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.
Оваа година, акцијата се одржува на 28-ми март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.






