Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И третата Македонка, Елена Бимбиловска, се пласираше во 8. круг на “Ѕвездичките“ (ВИДЕО)

МК Сцена

И третата Македонка, Елена Бимбиловска, се пласираше во 8. круг на “Ѕвездичките“ (ВИДЕО)

И третата Македонка, Елена Бимбиловска, во последното издание на “Пинк ѕвездички” брилираше со својот спектакуларен настап. Елена ја изведе “Alive” од Сиа со што ги доби сите пет гласа од жирито и ги подигна на нозе.

– Немам зборови, енергијата сама излегуваше од тебе. Ги користеше сите оружја. Баш не’ уби. Не’ уби нас позитивно – беше коментарот на Хари Мата Хари, по што се надоврза Леонтина со пофални зборови за Бимбиловска. За Леонтина, нашата Елена го сфатила целиот концепт, иако има мала замерка околу делот пред рефренот, пренесува ТВ Пакет.

Со нив се сложи и Гоца Тржан :

– Сјајна си, особено ми се допадна последниот дел од песната. Таму растури. Имаше сјајна енергија. Разбра за што се зборува во песната и тоа ни го пренесе. Е тоа е за десет – заклучи Гоца.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.