МК Сцена
Играниот филм „Ефектот на среќа“ имаше успешна проекција на Канскиот фестивал
Играниот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски денес имаше успешна проекција пред голем број странски филмски дистрибутери на Канскиот фестивал.
Главните ликови во ова остварување ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска додека во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.
Сценариото е на режисерот Зафировски и познатиот драматург и писател Дејан Дуковски. Продукцијата е на „Ново Македонско Видео“, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“ и националните филмски фондови на Србија, Косово и Црна Гора.




