Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интензивниот, гласен и експлозивен бенд APOCALYPTICA доаѓа во Скопје

МК Сцена

Интензивниот, гласен и експлозивен бенд APOCALYPTICA доаѓа во Скопје

Една од највозбудливите и најатрактивни атракции на концертната индустрија во светот APOCALYPTICA – доаѓа во Скопје.

Во Скопје интензивниот, гласен и експлозивен бенд APOCALYPTICA доаѓа во склоп на огромната светска турнеја на која го промовираат актуелниот албум „SHADOWMAKER“.

Oсмиот студиски албум „SHADOWMAKER“ објавен е на 17 Април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Franky Perez, кој со бендот настапува во живо на оваа турнеја. Влегувањето на Perez во APOCALYPTICA претставува значаен чекор напред за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук, различен од претходните албуми.

APOCALYPTICA ќе настапи во СРЦ Кале на 17-ти Октомври (сабота). Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 8-ми Јуни (понеделник) преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, цените ќе бидат објавени во недела во 21.00 часот на ова исто место.

11393290_108614482808003_8407697377272406666_o[1]

Ова е второ гостување на APOCALYPTICA во Скопје после настапот во 2006 година на Скопско Лизгалиште, кога сеуште не беа толку глобално популарни.

Авалон Продукција исто така е организатор на концертот на APOCALYPTICA и ден претходно во Белград.

Заклучно со концертот на APOCALYPTICA се заокружува концертната сезона на Авалон за 2015 година за Македонија заедно со OneRepublic, Paul Van Dyk, Balasevic и Whitesnake.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.