МК Сцена
Здравко Чолиќ: „Нема место на планетата Земја кое може да ми го замени Охрид!“
Билетите за најголемиот музички настан летово – концертот на најголемата ѕвезда на просторите на поранешна Југославија, Здравко Чолиќ, веќе се пуштени во продажба, и тоа преку продажната мрежа на Купи карти за се.
Она што треба да го знаат најголемите фанови на Чола е дека организаторите на концертот за до 15 јуни подготвија специјална понуда – билетите ќе се продаваат по промотивна цена, односно пониска од предвидената.
Значи, до 15 јуни билетите за партерот ќе чинат 400 денари, цена која по овој датум ќе претрпи промена, односно како ќе се доближува денот на концертот така истата ќе се зголемува. Влезниците за фан питот, пак, ќе чинат 600, за трибина 500, а за ВИП делот 800 денари.





