МК Сцена
МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА: „На евровизискиот избор не постојат поразени!“
Втората полуфинална вечер на 61-то издание на најголемиот, музички избор и телевизиски спектакл на планетава во организација на Европската радиодифузна унија, за Македонија но и за уште 7 други земји донесе ново разочарување поради необезбедениот пласман во финалето, имајќи ги предвид вложената енергија, труд и посветеност.
– „Треба да се биде голем и достоинствен во победите, но уште повеќе во неуспесите. Нема да речеме во поразите, зошто на евровизискиот избор – не постојат поразени. Голем број од песните коишто отпаднале и никогаш не се закитиле со награди – публиката ги наградила со вечност. А додека песните се слушаат и живеат во колективната меморија, оправдан е секој труд – да се биде дел од евровизиската приказна и да се држи чекорот со Светот којшто барем за момент е со еднакви можности за сите, без разлика на географската и историската големина.“ – изјави тимот на Мери Попова.
За жал и овојпат Македонија нема да ја видиме во финалето, но затоа пак можеме да бидеме горди на настапот на нашата Калиопи и нашите уметници на сцената, кои дадоа се од себе и покажаа врвен професионализам.




