МК Сцена
Скопската публиката го одсонува Шекспировиот сон
Вчеравечер, Македонски народен театар продолжи со третото издание на меѓународниот театарски фестивал МНТ – ФЕСТ. Беше одиграна мошне успешната претстава на компанијата Фактори трансадријатика од Лече – Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, во режија на Тонио де Нито.
Според реакциите за време на претставата и коментарите по неа, публиката имаше невообичаено и несекојдневно театарско доживување. Имајќи го во предвид искуството и претходната работа, режисерот не се задржува само на постојаната актерска екипа, но секоја нова изведба на претставата ја прави посебна и индивидуална сама за себе. Имено, и на дел од публиката и беше овозможено да ги почувствува штиците што живот значат и заедно со актерите да станат дел од сонот и претставата. На сцената продефилира некои од гледачите кои во улогите на Тизма, Лавот и Ѕидот го почувствува вкусот на театарот. Од друга страна, публиката во гледалиштето имаше можност да проследи интерактивна, забавна и интересна игра, која беше крајно позитивно прифатена и проследена со многу смеење.
Се зборуваше на италијански, англиски и српски јазик, се слушаше современа и класична музика, се почувствува духот на Медитеранот во костимите, но и современиот стил во сценографија и разиграниот и впечатлив дизајн на светло. Со тоа македонската публика ја проследи првата претстава од италијанската програма на МНТ – ФЕСТ, од која според ова се очекува да понуди многу.




