МК Сцена
Кире Лазаров – заштитно лице на брендот „Signori“
Најдобриот македонски ракометар и воедно најголемата македонска спортска ѕвезда кај нас и во Европа, Кире Лазаров, е ново заштитно лице на брендот SIGNORI, првиот македонски бренд создаден за сите мажи кои посветуваат внимание на својот изглед.
Капитенот на Македонската Ракометна репрезентација ќе биде претставник на најдобрите рачно изработени одела кај нас, достапни за сите џентелмени, кои сакаат да остават силен впечаток.
“Ни претставува особена чест и задоволство што нашите уникатни одела ќе ги носи најголемата спортска и ракометна ѕвезда кај нас, а и во светот. Соработката со Кире Лазаров е остварување на нашите цели, а тоа е да ги направиме македонските мажи амбасадори на стилот низ целиот светот.” – изјавија Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, сопствениците на Signori.
Според Кире Лазаров, задоволството е на двете страни.





