МК Сцена
ВИДЕО: Слушнете го каверот на Бојан и Весна на песната „Не живеам за другите“
Еден од најголемите хитови на пејачката Дани Димитровска, „Не живеам за другите“, доби одлична кавер-верзија, благодарение на младите и талентирани музичари Бојан Дамјановски и Весна Илиќ Павловска.
Бојан кој е познат по преработки на веќе испеани и познати странски хитови и овој пат направи одличен „кавер“ за кој се надева дека ќе биде прифатен од публиката.
– Со Весна соработуваме и настапуваме веќе неколку месеци под името „Бионда“ . Подолго време се договравме да снимиме нешто, размислувавме за која песна да се преработи или пак, да направиме нешто наше, авторско. Па, така за време на една наша проба сосема случајно дојде до идејата за да се преработи познатата песна на Дани. Се потрудивме тоа да биде добар дует со мали промени во текстот – вели Бојан, кој се надева дека и оваа преработка ќе биде добро прифатена од публиката.



