Музика
Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја
Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин на турнејата по бомбашкиот напад во Манчестер, по крајот на нејзиниот синоќешен концерт, јави интернет страницата ТМЗ.
Како што пренесува ТАСС, Гранде е се уште е во шок, по загинувањето на најмалку 22 лица, од кои повеќето тинејџери.
Следните концерти од турнејата под наслов „Опасна жена“ (Dangerous Woman), беа предвидени за 25 и 26 мај, во Лондон. По настапите во Велика Британија, американската поп пејачка требаше да оди во Белгија, Полска, Германија, Швајцарија, Франција…




