МК Сцена
Концерт на Филхармонијата посветен на Драган Ѓаконовски-Шпато
Филхармонија за Шпато“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија, посветен на Драган Ѓаконовски-Шпато по повод 30 години од неговата смрт (1931-1987). Шпато е композитор, диригент и музички аранжер кој се смета за зачетник на македонската забавна музика.
Диригент на вечерашниот концерт е Џеси Милинер од Германија, композитор, аранжер и пијанист, кој е задолжен и за оркестрациите на дел од композициите. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, на сцена ќе има и бенд во состав: Мартин Ѓаконовски – контрабас, Гордан Спасовски – пијано, Левин Ѓаконовски – тапани и Франческа Рајтер – виолина, а ќе учествуваат и Џон Илија Апелгрен – вокал и Кирил Кузмановски – саксофон.
Ќе бидат изведени меѓу најубавите композиции на Шпато, како „Далечен крај“, „Те носам во себе“, „Глас од далечината“, „Без повраток“, „Дојди есен“, „Молчи една долина“, „Убава со како музика“, „Зар вистина е крај“, „За нас почнува живот“…




